СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Инструкции за уписот за прв циклус 2024/2025

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Инструкции за уписот за прв циклус 2024/2025

Инструкции за уписот за прв циклус 2024/2025 во однос на системот за упис:

Постапка за електронско аплицирање за запишување на ученици во прва година:

✅Кликнете на линкот кој води до онлајн апликацијата https://e-uslugi.mon.gov.mk ,

✅Пополнете ги потребните податоци и прикачете ги потребните документи,

✅Притиснете АПЛИЦИРАЈ.

✅Отпечатете ја потврдата која треба да ја приложите во училиштето заедно со потребните документи.

👉Секој ученик се најавува исклучиво со сопствената корисничка сметка на schools.mk.

👉За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот e отворен од 16 јуни 2024 година oд 10.00 часот, за да можат пред и на време да ја подготвата својата апликација. Официјалниот упис трае од 20-25 јуни како што е опишано во Конкурсот.

👉Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 25 јуни 2024 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.

👉Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.

👉Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштето ќе ја објави на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето.

Ви посaкуваме успешни уписи!

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст

Споделете ја објавата:

Слични објави

Економски спортски ден

Успешно завршен отворениот спортски ден во организација на ЈП “Билјанини Извори” и учениците од ОСУ “Кирил и Методиј”- Охрид кои беа дел од програмата за практична настава во

Читај повеќе