СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Запознајте го Македонското собрание

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Запознајте го Македонското собрание

Во рамките на проектот Запознајте го Македонското собрание се оствари работна посета во Собранието на РМ во Скопје со учениците од прва година економско правна и трговска струка.Во текот на овој проект учениците имаа можност да ги прикажат своите ораторски способности т.е.да дебатираат на одредени теми од нашето секојдневие.Учениците имаа можност да прошетаат низ собраниските простории како салата на законодавно правната комисија,салата за пленарни седници, охридската сала за координативни состаноци,кристалната сала за свечености итн.Учениците и професорите остварија средба и со дел од пратениците со кои имаа можност да дискутираат на одредени теми и да постават и свои прашања.Исто така голема благодарност и до претседателот на Собранието на РМ г.Африм Гаши кој не удостои со неговото присуство и обраќањето кон учениците. Традицијата продолжува! Автор-ментор проф.Горан Попоски

Споделете ја објавата:

Слични објави

Македонската берза и ние

На 21 февруари 2025 г.со нашите ученици економисти се реализира проектот Македонската берза и ние, уште една успешна работна посета од низата посети на нашите најзначајни државни институции

Читај повеќе

Работна посета во Р. Босна и Херцеговина

Едукација,дегустација,патување,другарување, љубов,толеранција се на едно место.По 3 пат работна посета во Р. Босна и Херцеговина. Овој пат компанијата Спринд -Сараево од областа на пекарската индустрија, компанијата Солана –

Читај повеќе