СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Едукативна работилница и Меморандум за соработка помеѓу нашето училиште СОСУ Св. ,,Кирил и Методиј”-Охрид и КПУ Затвор – Охрид

На ден 03.04.2024г. (Среда) во нашето училиште СОСУ Св. ,,Кирил и Методиј” -Охрид, за време на часовите по предметот ,,Право и државно уредување” и под менторство на проф. М-р. Надица Речкоска – наставник по Право, пред учениците од втора година, Економско-правна и трговска струка, се реализира едукативна работилница каде со свое присуство не’ удостоија претставници од КПУ Затвор-Охрид:
М-р Билјана Крлеска, психолог,
Павлина Тунтев-Ѓоршески, раководител на одделение за третман,
Зоран Момироски, главен командир на затворска полиција,
при што, посебен осврт беше ставен кон малолетничкиот затвор, односно затвор за деца, како единствен затвор од тој тип, на ниво на целата држава.

Целта на наведениот настан беше запознавање на учениците со работењето на затворската установа, ризик-фактори кои доведуваат лица на нивна возраст да се потенцијални сторители на казниви дела, запознавање со санкциите и одговорностите сразмерни на нивната возраст, последиците од истите, а со цел превентивно спречување на сторување казниви дела, намалување на стапката на деца сторители на кривични дела и соочување со мрачната страна на еден млад живот по извршувањето на кривично дело.
Беа презентирани случаи чии издржатели на затворски казни се лица на возраст над 16 години, во која ризична категорија спаѓаат и самите ученици.
Во рамки на денешниот настан, исто така беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу нашето училиште СОСУ Св. ,,Кирил и Методиј”-Охрид и КПУ Затвор – Охрид.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе