СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Денес се чествува прзникот на Светите браќа Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, Патрон празник на нашето училиште!

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Денес се чествува прзникот на Светите браќа Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, Патрон празник на нашето училиште!

Со свечена програма, на 22.5.2024 година во НУ Центар за култура ,, Григор Прличев“, нашето училиштето СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј“ го одбележа Патрониот празник. Поздравен говор одржа директорот Ристе Јанкоски оддавајќи почит кон солунскте браќа за нивната мисија ,,за создавањето на глаголицата врз чија основа, од страна на нивните ученици, е направена кирилицата, која ден денес претставува официјално писмо на македонскиот народ. Оддавањето достојна почит кон нивното дело и лик е должност и задоволство за секој кој ја знае важноста и неопходноста од описменувањето на секој поединец и заедница“.

Оваа година го прославуваме и нашиот јубилеј, 10 години од постоењето на училиштето како самостоен правен субјект, во чие самостојно работење постигнува огромен раст и развој. ,, Нашето училиште денес е куќа градена од нашите претходници и од нас како просветни работници кои со нашите дела, квалитети и трудољубивост придонесуваме кон создавање на нови генерции…кои ќе ја градат нашата иднина.“

Оваа година е и година кога го прославуваме раѓањето и љубовта. Го посветуваме на големите јубилеи од раѓањето на македонските великани, и тоа 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски.

По тој повод, рецитаторската секција на нашето училиште подготви рецитал, надополнет со хорот и оркестарот и на крајот следуваше танцувачката изведба. Беа доделени благодарници за афимација и промација на нашето училиште и на добитниците на награди на регионалните и државните натпревари.

Нека ни е честит празникот Св. Кирил и Методиј и Патрониот празник на нашето училиште кое со гордост го носи нивното име!

Читајте ги македонските автори зашто тие се потврда на нашиот идентитет, и љубете зашто љубовта е најсилната енергија која го воскреснува човекот!

За многу години!

Споделете ја објавата:

Слични објави

Економски спортски ден

Успешно завршен отворениот спортски ден во организација на ЈП “Билјанини Извори” и учениците од ОСУ “Кирил и Методиј”- Охрид кои беа дел од програмата за практична настава во

Читај повеќе