СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Светскиот ден за безбеден интернет, кој се одбележува на 10 февруари, има за цел подигнување на свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот и дигиталните технологии.Во време кога интернетот е нераскинлив дел од секојдневието на децата и младите, особено е значајно да се поттикнува дигитална писменост, заштита на личните податоци и препознавање на потенцијалните ризици во онлајн просторот.

Во училиштето беше реализирано едукативно предавање посветено на безбедното користење на интернетот и дигиталните технологии. Преку интерактивен пристап и активно учество на учениците, предавањето придонесе за развој на свесноста за дигиталната безбедност и зајакнување на нивните вештини за препознавање и справување со ризиците во онлајн средината.

Предавањето го одржаа професорката по информатика Жаклина Милеска и педагогот Андријана Паскали, кои преку јасни и практични примери ги запознаа учениците со можните опасности на интернет, како што се злоупотреба на лични податоци, сајбер-насилство, несоодветна онлајн комуникација, како и со значењето на навремената психолошка поддршка и помош во случаи на онлајн злоупотреба.  Со ваквите едукативни активности, училиштето активно придонесува кон подигнување на свеста за значењето на безбедното користење на интернетот и развојот на дигитална писменост кај учениците. 

Интерактивна презентација за ученици

Подобар интернет за деца

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе