MАССУМ – образовно рандеву 2021!

Датум: 30.04.2021 7:03 | Објавено во: Соопштенија

180321890_672398013718177_3991011290193049772_n

Нашето училиште и оваа година учествуваше на натпреварите кои се одржуваат во рамките на образовното рандеву – МАССУМ 2021, кое се одржа он лајн на 24-25 април 2021 година. Учениците се натпреваруваа во повеќе категории: интервју за работа на македонски и англиски јазик, маркетинг план, најдобро електронско портфолио и најдобра фотографија, при што покажаа голема посветеност, ентузијазам во подготовките со што во целост одговорија на предизвикот, а да не заборавиме на вонредните услови во кои се наоѓаме.

Во категоријата најдобро електронско портфолио, ученикот Илија

Пешиноски од III 5 клас,  го освои 2-то место под менторство на проф.

Жаклина Милеска.

Честитки!

https://ilijapesinoski.wixsite.com/ilijapesinoski2021

Упатуваме честитки до сите учениците учесници и нивните ментори:

Ема Гашоска II4, ментор проф. Жаклина Милеска, категорија најдобра  фотографија;

Фросина Балоска II1 клас, ментор проф. Марија Попоска Андреева, категорија

интервју за работа на англиски јазик;

Селма Бајрам IV2 клас, ментор проф. Весна Мркоска, категорија интервју за работа на македонски јазик;

Климент Шиникоски IV2 клас, Маја КостоскаIV2 клас, Викторија ПетрескаIV2 клас, ментор проф. Татијана Ноневска, категорија маркетинг план.

 

 


Горе