Протокол за време на запишувањето на ученици во средните училишта- прва година во учебната 2020/2021 година

Датум: 12.06.2020 10:40 | Објавено во: Соопштенија
Почитувани полуматуранти!
СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид со нетрпение ве очекува во наредната учебна година!!!
Изберете средно стручно:
– економски техничар од економско- правна и трговска струка или
-медицинска сестра од здравствена струка.
Запишувањето на ученици во прва година ќе се одржи во училиштето на :
– 16 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од А до Ж
– 17 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од З до М
– 18 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од Н до Ќ
– 19 јуни прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од У до Ш и сите ученици кои поради различни причини не успеале да се запишат во претходните три термини, без разлика на презимето.
Запишувањето во прва година во учебната 2020/2021 ќе се реализира во термините 16, 17 и 18 јуни од 07 часот до 19 часот, а на 19 јуни од 07 часот до 13 часот.
При поднесувањето на документите кандидатите задолжително поднесуваат комплетни документи со претходно пополнета пријава (не е дозволено пополнување пријави во просториите на училиштето)
Пријавата за упис ќе биде доставена до секој деветтоодделенец во неговото училиште,при доделувањето на сведителствата за завршено деветто одделение (имате можност и да ја превземете од facebook страната и веб страната на училиштето) .
Пријавата треба да биде пополнета од страна на ученикот и заедно со:
*оригинал свидетелствата за VI, VII, VIII и IX одделение,
*извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
и
* оригинал диплома за освоено I, II и III место на државни и меѓународни натпревари.
Комплетните документи ги доставува самиот ученик, или во оправдани ситуации на негово отсуство, еден од родителите или старателите.
Ранг листата со резултатите од запишаните ученици ќе се објави на 19.06.2020 година по 15.00 часот, на facebook страната, веб страната и на влезот од училиштето.
При запишувањето ќе се почитува строго определен протокол кој ќе биде истакнат на влезот на училиштето
Строго ќе се почитуваат правилата според уредбата на Владата на Република Северна Македонија, со обврзно носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри.
Исто така, во училиштето ќе бидат јасно означени насоките на движење при уписот.
За дополнителни информации можете да не исконтактирате,на e-mail адресата ekonomskoohrid@yahoo.com или на фан страницата на училиштето на facebook.
СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј”- Охрид

Горе