ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за вонредни ученици за полагање на испити во јунска испитна сесија во учебната 2019/2020 год. во СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“-Охрид
СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“-Охрид организира полагање на испити за вонредни ученици во јунска испитна сесија во учебната 2019/2020 година и тоа:
– Пријавување за полагање на испити ќе се реализира на 11,12 и 15 јуни 2020 год. по електронски пат на следната e-mail адреса: ekonomskoohrid@yahoo.com
– Консултации со предметни наставници по предмети ќе се реализираат по електронски пат . Полагањето на испити ќе се реализира на крајот на месец јуни во термини договорно со комисиите за полагање вонредни испити и истото ќе биде преку платформата за далечинско учење ZOOM.
Право да полагаат имаат вонредните ученици кои ги исполнуваат следните услови:
– Да се запишани како вонредни ученици во СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“-Охрид;
– Да имаат пријавено испити за полагање во јунска испитна сесија согласно дадените термини од страна на училиштето;
– Да имаат уплатено за полагање на испит. При пријавување на испити вонредните ученици треба да достават:
-Пополнета пријава
– Уплатница за полагање на испит а уплатниците да бидат скенирани или сликани и заедно со пријавата во електронска форма пратени на училишниот мејл Лице за контакт за дополнителни информации за пријавување и реализација на испитите е Мери Лалаковска – одговорен наставник.
Пријава во прилогПријава-зa-вонредни (1)