Известување за вонредни ученици за полагање на испити во мајска испитна сесија во учебната 2019/2020 год.

Датум: 17.05.2020 16:58 | Објавено во: Соопштенија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за вонредни ученици за полагање на испити во мајска испитна сесија во учебната 2019/2020 год. во СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“-Охрид СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“-Охрид организира полагање на испити за вонредни ученици во мајска испитна сесија во учебната 2019/2020 година и тоа:

– Пријавување за полагање на испити ќе се реализира на 18, 19 и 20 мај 2020 год. по електронски пат на следната e-mail адреса: ekonomskoohrid@yahoo.com – Консултации со предметни наставници по предмети ќе се реализираат по електронски пат од 21 до 25 мај 2020 год. по распоред што ќе биде објавен на веб страна на училиштето, по завршување на деновите за пријавување за полагање на поправни испити .

Полагање на испити ќе се реализира во период од 26 до 30 мај 2020 год. по распоред објавен на веб страна на училиштето. Право да полагаат имаат вонредните ученици кои ги исполнуваат следните услови: – Да се запишани како вонредни ученици во СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“-Охрид; – Да имаат пријавено испити за полагање во мајска испитна сесија согласно дадените термини од страна на училиштето; – Да имаат уплатено за полагање на испит. При пријавување на испити вонредните ученици треба да достават:

-Пополнета пријава

– Уплатница за полагање на испит (учениците кои уплатиле во март но не полагале,може со истата уплатница и нова пријава за мај) а уплатниците да бидат скенирани или сликани и заедно со пријавата во електронска форма пратени на училишниот мејл Лице за контакт за дополнителни информации за пријавување и реализација на испитите е Мери Лалаковска – одговорен наставник


Горе