Соопштение за вонредни

Датум: 23.04.2020 11:17 | Објавено во: Соопштенија
Согласно насоките од МОН ,право да полагаат преку далечинско учење односно учење од дома, имаат лицата кои се запишани за вонредни ученици согласно член 41 од Законот за средното образование, се од завршните години и во законскиот рок имаат пријавено државна матура, училишна матура или завршен испит.

Училиштата имаат обврска да го спроведат полагањето на испитите во априлската сесија по пат на примена на средствата за електронска комуникација само за вонредните ученици кои се од завршните години и на кои испитот им е последен или еден од трите последни испити што треба да ги полагаат во сесијата за да ја заокружат завршната година на средно образование по вонреден пат и да ги исполни условите за полагање на државна матура, училишна матура или завршен испит.

За останатите вонредни ученици, полагањето на испитите во априлската сесија, училиштата ќе го реализираат по завршувањето на вонредната состојба, отворањето и започнувањето со работа, за што ќе им се овозможи дополнителна сесија за полагање испити на овие ученици.

Според горенаведеното, пријавувањето за априлската сесија за полагањето на вонредните испити ќе се врши електронски преку училишниот мејл (ekonomskoohrid@yahoo.com )и ќе трае од 23.04.2020 до 27.04.2020 и ќе важи само за учениците од завршната година кои имаат останато уште еден,два или три испити и имаат пријавено завршен испит.

Пријавата за пријавување испити може да ја спуштите од нашата интерент страница и истата електронски пополнета заедно со скенирана уплатница за испитите да ја пратите на училишниот мејл.
Термините за полагањето ќе бидат дополнително истакнати и ќе бидат реализирани најдоцна до 10.мај 2020

Горе