ПРОЕКТ „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕСУРСНИОТ ПАКЕТ ЗА УЧЕНИЧКО УЧЕСТВО НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА“

Датум: 11.06.2019 22:26 | Објавено во: Соопштенија

Во нашето училиште СОСУ „ Св. Кирил и Методијˮ – Охрид, во текот на учебната 2018/2019 година интензивно се пристапи кон реализација на програмата на проектот Имплементација на ресурсниот пакет за ученичко учество на детските права, во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА која работи на развивање и примена на младинските политики во Република Македонија, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.

Во неговата реализација учествуваат Тим од професори кои го сочинуваат следните членови: Доца Цветкоска, по македонски јазик и литература; Милена Јакшовска и Елеонора Куновска, по економска група предмети, Марија Симјаноска, по макед.јазик и литература; Мери Љаљакоска,по италијански јазик и одговорна за библиотека; од стручната служба педагог Адријана Паскали. Тимот подготви акционен план, кој се реализира во сите  паралелки со ученици училиштето, а истиот главно се спроведува  со учениците од Ученичкиот парламент.

Цели за спроведувањето на проектот се: учениците да добијат генерална слика за демократското учество во животот на училиштето со што ќе ги остварат своите права за учество и донесување важни одлуки во училиштето, кои се од интерес за нив. Учеството  на учениците се состои во спроведување работилници на тема детските права, дебати кои се однесуваат на соработката меѓу учениците, меѓуетничка интеграција и оценувањето.

Актуелна тема за ученичко учество на детските права, во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА е МЕЃУВРСНИЧКО НАСИЛСТВО за кое се одржауваат семинари и работилници.

Целта е  препознавање и видови меѓуврсничко насилство, а воглавно  превенција од од секој вид на насилство.

Флаерите може да ги видите тука.


Горе