Проект „Туристички водич за млади“

Датум: 19.05.2019 11:15 | Објавено во: Соопштенија

Овој „ Туристички водич за млади „ е резултат на успешно реализиран проект на учениците од трета година од СОСУ„ Св. Кирил и Методиј„ Охрид под менторство на  Ивана Маховска Шикалеска- проф. по германски јазик.
Главната цел на овој проект беше да се поттикне размена на млади луѓе од иста возраст и да се креира креативен и иновативен начин за комуникација  со врсници од Европската унија, поточно од учениците што учат германски јазик во  ЕУ. Темата е: Презентација на атрактивни места во градот Охрид, кои се интересни за младите луѓе на возраст од 17 -18 години. Развивајќи го проектот, се дојде до идеа да се преведи и на останатите јазици кои како странски се изучуваат во нашето училиште: англиски, италијански, француски јазик

Идејата беше да се промовираат вредностите што ги има нашиот град но атрактивни за младите, но на тој начин што тоа ќе  биде повод  и причина за развој на пријателство меѓу врсниците од Охрид и учениците кои учат  германски јазик во Европа, англиски, италијански и француски јазик . Ова ја буди љубопитноста кај младите за да научат нови места и културни истории.
Целната група е ученици меѓу 17 и 18 години. На таа возраст, свеста дејствуват полезно  и продуктивно им се буди. Оваа група ќе биде избрана како целна група, бидејќи тие можат да предизвикаат промени во околината како млади „ краетори “ . Тие ќе ги шират своите јазични вештини, ќе ги прошират своите хоризонти и ќе гледаат нови места, што би можело да биде извор на понатамошно истражување. Бидејќи тоа е насловот: ” Туристички водич  водич за тинејџери ” наменет  за се она  што може да ги интересира младите луѓе во овој град. Сето ова ги мотивира младите луѓе да комуницираат на својот целен јазик.

Во прилог може да ги разгледате двете брошури: македонско-германска брошура

и македонско-германско-италијанско-француско-англиска брошура.


Горе