ЗАВРШНА ЕKСКУРЗИЈА 2018/2019 ГОДИНА – ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Датум: 20.02.2019 9:21 | Објавено во: Соопштенија

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид

Бр.03-124/1

19.02.2019 година

 

 

Врз основа на член 19 од Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, Комисијата за спроведување на постапката за завршна екскурзија за трета година  при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид, објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

 

 

  1. Договорен орган

назив: Средно општинско стручно  училиште „Св.Кирил и Методиј“

– Охрид адреса: ул.Мите Богоески  бр.2, 6000 Охрид

интернет адреса: www.svkirilimetodij.edu.mk

контакт: тел.046- 262-724 е-пошта ekonomskoohrid@yahoo.com

 

  1. Oпис на услугата

Завршна екскурзија со учениците од трета година во учебната 2018/2019 година во Италија и Словенија со посета на градовите Венеција, Верона, Трст и Љубљана во периодот од 07.05. до 12.05. 2019 год.

 

  1. Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот и документите кои треба да ги достави како доказ за исполнување на условите се наведени во тендерската документација составен дел на овој оглас, која може да се преземе од веб страната на училиштето www.svkirilimetodij.edu.mk или кај Секретарот на училиштето.

 

  1. Критериум за избор на најповолна понуда е најниската цена.

 

  1. Рок, место и начин на доставување на понудите

Понудата заедно со целокупната документација се доставува до СОСУ „Св. Кирил и Методиј“- Охрид ул.Мите Богоески  бр.2, 6000 Охрид во затворен плик со назнака „Понуда по јавен оглас за завршна екскурзија во Италија и Словенија“ и забелешка „не отварај“, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавување на огласот.

 

 

 Комисија за спроведување на постапката за завршна

                                    екскурзија  при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид

Документите можете да ги превземете тука


Горе