“Erasmus +” проект Me=Doctor Софија

Датум: 25.03.2018 11:18 | Објавено во: Проекти

“Me Doctor” претставува“Erasmus +” проект кој овозможува мобилност на учениците и наставниот кадар од охридското средно стручно училиште СОСУ ”Св. Кирил и Методиј”. Проектот овозможува едукација на ученици и нуди можност за практична работа во склоп на Универзитетската Александровска болница во Софија, Бугарија.Ова е ретка можност за еден средношколец да може да помине 21 ден на практична обука во една од врвните универзитетски болници во Бугарија.

Оваа болница спаѓа во групата на реномирани универзитетски болници во Софија – Бугарија и е една од најстарите болници, богати со медицинска историја, која е основана во далечната 1879 год.

Во овој проект учествуваат ученици од втора и трета година при медицинската струка во
СОСУ ”Св. Кирил и Методиј” а тоа се: Елизабета Софраноска, Мартина Ѓоршеска, Симона Попоска, Христина Веловска, Даница Завојческа, Ангела Трајческа, Роберт Блажевски, Мартина Бујароска, Ангела Ѓореска, Филип Здравески, Мелиса Ибраим, Ангела Маркоска, Марија Илиоска, Елена Маркоска, Емилија Нестороска, Сара Трајческа, Марија Стојаноска, Климент Трајчески, Ангела Цветкоска и  Марија Ристеска; придружувани од предметните наставници: м-р Доца Цветковска, Даниела Стојаноска, д-р Цветанка Кочовска и Наум Аслимоски.

После пристигнувањето во Софија , нашите ученици и професори беа сместени во Хотел Форум, и веднаш следниот ден, понеделник на 05.02.2018 е одржан прием при Универзитетската болница од страна на раководителот д-р Чавдар Еленков и главната сестра Анелија Димитрова. Од нивна страна учениците беа запознати со системот на организација и работа на УМБАЛ “Александровска” а потоа беа распоредени во помали групи низ кабинетите и клиничките оддели на болницата и тоа во следните оддели:

  • кабинетите за регистратура,
  • ехокардиографија,
  • интерни заболувања,
  • лабараторија,
  • ОРЛ, и
  • кабинетот по ендокринологија;
  • клиниките за Нефрологија,
  • Кардиологија,
  • Урологија,
  • Неврологија,
  • Хирургија
  • Очни болести.

Во текот на тринеделнто учество во практичната едукацијаучениците се ротираат за да имаат можност сите подеднакво да се запознаат со различна патологија која циркулира низ оваа болница.
Секојдневната практична работа започнува во 08.30 часот кога учениите влегуваат во претходно распределените оддели и целосно се притопуваат во работата на персоналот набљудувани од главната медицинска сестра Анелија Димитрова. Секој работен ден трае
5часа, исполнети со љубопитност, труд, правила и принципи на работа што ја обавува една медицинска сестра во оваа болница. Тоа за нив претставува огромно задоволство и привилегија.
По завршетокот на работниот ден учениците имаат можост да бидат вклучени во слободни активности како секојдневни прошетки низ познатите шеталишта на градот, најблиските трговски центри, кино сали, театри, пливачки базени како и познатата “Sofia Tour” низ историскиот дел на градот.Проектот траеше до 25 Фебруари со доделување на европски сертификати на сите ученици кои ќе го завршат успешно проектот.
Повеќе информации за истото можат да се проследат на следниот линк, официјална страна на проектот:https://www.facebook.com/MedoctorSofia/.
MeDoctor-presentation

 


Горе