Информација за посетата на јубилејниотˏˏ40-Меѓународен Саем на туризам-Белград 2018´´ и работната посета на фабрикитеˏˏАрома´´-Футог-Нови Сад и ˏˏАура´´-Ниш

Датум: 13.03.2018 8:57 | Објавено во: Проекти

Во периодот од 21-23 февруари, четириесетина ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид,  престојуваа во работна посета на Република Србија. Нивниот престој во Белград, кој беше потпомогнат од Локалната самоуправа, опфаќаше посета на неколку фабрики во Нови Сад и Ниш, како и посета на Меѓународниот саем за туризам во Белград.

Имено, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со работата на фабриката „Арома зачини“ од Нови Сад, како и со технолошките линии со кои се реализира производството. Пред учениците беше претставена шестдецениската работа на оваа врвна компанија, нивните препознатливи производи, како и нивната визија тие и понатаму да останатпрепознатлив и респектабилен производител на прехранбени производи во Република Србија, но и на европскиот пазар.

Вториот ден од престојот во Србија, учениците беа дел од отворањето на јубилејниот 40-ти Меѓународен саем за туризам во Белград, како и деветтиот Саем за вино кој истовремено се одржуваше. Целта на посетата беше учениците одблиску да се запознаат со организацијата на една ваква врвна манифестација, како и тоа како една земја треба да ги претставува своите туристички можности и потенцијали пред посетителите од Европа и светот.

Последниот ден беше резервиран за посета на уште една врвна компанија во Ниш, односно за посета на козметичката компанија „Аура“, каде на најпрофесионален начин, детаљно беше објаснет историјатот на компанијата, нивните строги и прецизни правила и принципи за производство на декоративна козметика, како и самата производна линија.

Сето ова придонесе учениците од прва до четврта година,своите теоретски знаења практично да ги поврзат со тоа што значи да се биде дел од еден производен процес, од една врвна компанија, но и манифестација, како во организациска, така и во професионална смисла. Проектот, кој се реализираше во соработка на два стручни активи од училиштето (Активот по математика и информатика и активот по економска група предмети) под менторство на професорките Елизабета Баракова и Вилма Целеска, се планира во иднина да стане традиција, поради одличните и позитивни искуства што учениците ги понесоа со себе.

29103214_2071871943057555_8140422129389666304_o 29103898_2071871323057617_2614062983499743232_o 29103903_2071871263057623_8248094120527003648_o 29134051_2071870549724361_4655266231241146368_o 29135934_2071870736391009_1539201878137503744_o 29136917_2071871739724242_1022913205334179840_o 29196251_2071871899724226_4255945847373561856_o 29196586_2071871236390959_5409513435320811520_o 29214139_2071870876390995_8861492300245630976_o


Горе