Работна посета во НБРМ

Датум: 08.03.2018 9:13 | Објавено во: Проекти

На 02.3.2018 година учениците при СОСУ „Св.Кирил и Методиј” ја реализираа втората по ред работна посета во Народна банка на Република Македонија.Преку предавањата од страна на експерти при НБРМ учениците се стекнаа со знаења и искуство за значењето на НБРМ како најважна финансиска институција во нашата држава, нејзините функции како и спроведувањето на макроекономската политика со цел одржување на ценовна стабилност. При оваа посета учениците ја посетија и ковачницата на монети како и музејот на пари и медави од различни временски периоди. Покрај менторот на овој проект професор Горан Попоски учесници беа и професорите Весна Мирческа Маркоска, Сашо Стрезовски и Жаклина Милеска.

28822584_10213299741107123_1283623250_o 28876579_10213299712226401_138411060_o 28876809_10213299712586410_846216254_o 28876896_10213299710986370_535215419_o 28877228_10213299711226376_652820872_o 28879431_10213299711186375_1048792326_o 28928871_10213299710906368_1957479318_o 28944519_10213299710946369_968556615_o


Горе