Проект Me=Doctor Las Rozas de Madrid- Erazmus+

Датум: 06.02.2018 11:44 | Објавено во: Проекти

Дваесет ученици од нашето училиште преку пат на интервју беа одбрани да одат на практична настава во Оpera sanyres, дом за стари лица во Мадрид, Шпанија. Во овој проект учествуваа: Магдалена Стефаноска, Габриела Петкоска, Стефанија Лекоска, Климентина Мургоска, Валентина Наумоска, Марија Наумоска, Адриана Абазоска, Адријана Тупанческа, Симона Филипоска, Јована Јоноска, Драгана Наумоска, Сања Паункоска, Бојана Цветкоска, Мануела Гугоска, Валентин Андон, Ивана Настоска, Атидза Дестаноска,  Елена Симјаноска, Мартина Станкоска, Емилија Петровска. Заедно со четворица професори : Ружа Блажеска, Марија Андреева -Попоска , Д-Р Илинка Милошеска и Зоран Родиќ. Проектот беше реализиран преку Erazmus+ програмата и се одржа од 10-31 јануари оваа година. Овој проект беше од голема корист за средношколци како што сме ние , бидејќи ни овозможи да видиме како се извршуваат одредени работи во друга земја, во овај случај конкретно во Шпанија.Имавме можност да научиме нови методи на работа кои ќе ни користат понатаму во животот. Научивме дека доволна е само една мала насмевка за да му го направиме на некого денот поубав. Покрај практичната настава имавме и слободно време кое го користевме за прошетка во местото каде што престојувавме Las Rozas ,во Мадрид но и надвор од Мадрид, како што беше посетата на Толедо, стариот главен град на Шпанија и неколку музеи. Ова за нас беше едно прекрасно патување на кое стекнавме големо искуство и сме многу благодарни што бевме избрани да учествуваме во овoј проект.Во продолжение преку слики ви претставуваме само мал дел од она што го видовме и доживеавме како учесници во овој проект.
27721113_1425429840912442_1808893880_n 27783390_1538275536248598_902808389_n 27785207_1538279216248230_1804051219_o 27785578_1425430330912393_1970667388_o 27785754_1425430084245751_1722012290_o 27786008_1425430447579048_1532628274_o 27786610_1425431040912322_1243910199_o 27835864_1425430644245695_1716661274_o 27846085_1425431587578934_1130121847_o 27846537_1425430207579072_586116699_o


Горе